Отворен патот Охрид – Ресен преку Галичица


Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – ЈП Македонијапат информира дека од 15 април 2026 година за сообраќај повторно е отворен патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица.

Сообраќајот на оваа делница е дозволен за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони. Отворањето на патот претставува значајно олеснување за граѓаните и туристите, особено во пресрет на пролетната сезона кога се зголемува фреквенцијата на посетители кон Охридскиот и Преспанскиот регион.

Од Диспечерско-информативниот центар апелираат возачите да се движат внимателно и да ја прилагодат брзината согласно условите на патот, особено поради можни одрони и променливи временски услови на планинскиот превој.

Патниот правец преку Галичица е една од најатрактивните планински делници во земјава, нудејќи уникатен поглед кон Охридското и Преспанското Езеро.

Слични Објави