И Македонските 18-годишници може да патуваат бесплатно низ Европа

Европската Унија повторно им нуди уникатна можност на младите да ја откријат Европа преку програмата DiscoverEU, дел од иницијативата Erasmus+. Повикот за аплицирање е отворен до 22 април 2026 година во 12:00 часот (CEST), а право на учество имаат сите 18-годишници од земјите членки на ЕУ и државите поврзани со програмата.

DiscoverEU им овозможува на младите да добијат бесплатен патнички пас, со кој можат да патуваат низ Европа главно со воз — еден од најеколошките начини на транспорт. Во одредени случаи, како за оние што живеат на острови или оддалечени региони, се дозволени и други видови превоз.

Покрај патувањето, избраните учесници ќе добијат и картичка за попусти, која нуди поволности за сместување, културни настани, спортски активности и локален транспорт.

За да се пријават, кандидатите треба да се родени помеѓу 1 јули 2007 и 30 јуни 2008 година, да пополнат онлајн апликација со валиден документ за идентификација и да учествуваат во краток квиз. Успешните кандидати ќе имаат можност да патуваат до 7 дена во рамки на еден месец, во периодот од 1 јули 2026 до 30 септември 2027 година.

Програмата дозволува и групни апликации, при што младите можат да патуваат со најмногу четворица пријатели, доколку сите ги исполнуваат условите. Дополнително, преку различни настани и онлајн заедници, учесниците ќе имаат можност да се поврзат со други млади од Европа.

Сите избрани патници автоматски стануваат DiscoverEU амбасадори, со задача да ги споделуваат своите искуства и да ја промовираат европската културна разноликост.

DiscoverEU претставува не само патување, туку и можност за учење, нови пријателства и незаборавни искуства. Европа е на дофат — останува младите да го направат првиот чекор.

На следниот линк повеќе околу апликацијата и условите – https:/https://youth.europa.eu/discovereu/apply_en

Слични Објави