|

Прилепчанец меѓу најдобрите Microsoft тренери во светот!

Македонски Microsoft тренери меѓу топ 100 во светот – Прилепчанец меѓу најдобрите

Македонија повторно се најде на светската технолошка мапа, откако тројца истакнати тренери од Семос Едукација добија престижно признание од Microsoft, вбројувајќи се меѓу 100-те најдобри едукатори во светот.

Елена Димовска, Дејан Вакански и нашиот прилепчанец Дејан Кумпаниоски се добитници на титулата „Top 100 Quality Award winners“, признание кое се доделува врз основа на глобални оценки од студенти и професионалци.

Особено сме горди што меѓу наградените е и Кумпаниоски – млад ИТ професионалец од Прилеп, кој со својата работа и посветеност успеа да се вброи меѓу најдобрите во светот. Овој успех претставува силна инспирација за младите од градот, но и доказ дека квалитетот и знаењето препознаваат граници.

Наградите се доделуваат врз основа на т.н. MTM (Metrics That Matter) анкети, каде учесниците во обуките директно ги оценуваат тренерите според нивната експертиза, пристап и квалитет на предавање. Да се биде во „Топ 100“ во ваква конкуренција значи врвно признание за:

  • исклучителна посветеност во едукацијата
  • високо ниво на техничко знаење
  • одлични оценки од корисниците

„Денес македонското знаење го добива својот највисок меѓународен печат. Горди сме што овие тренери се дел од нашиот тим и што инспирираат нови генерации ИТ професионалци,“ изјави Ирена Ивановска.

Победниците ќе бидат официјално објавени во MCT Lounge платформата на Microsoft, со што македонските претставници ќе станат дел од глобалната елита на едукатори.

Овој успех уште еднаш потврдува дека Македонија има врвен ИТ кадар, а Семос Едукација останува лидер во едукацијата, создавајќи професионалци кои се рамноправни со најдобрите во светот.

Фото: Семос Едукација

Слични Објави