ХУМАНИТАРЕН ТУРНИР ВО „ИНДУСТРИСКО“

Во периодот од 12 до 23 март во спортската сала Спортска сала „Ристе Ристески – Ричко“ ќе се одржи хуманитарен футсал турнир со цел обединување на спортот и хуманоста.

Турнирот ќе се игра во формат 5+1, а котизацијата за учество изнесува 750 денари по екипа.

Организаторите ги повикуваат сите заинтересирани тимови да се пријават преку Инстаграм профилот u.u.z_ricko. Очекувањата се за добра посетеност, фер-плеј натпревари и силна поддршка од публиката.

Покрај спортскиот дух и натпреварувачката атмосфера, настанот има хуманитарен карактер, со што секое учество претставува придонес за повисока цел.

Повеќе информации ќе бидат објавувани дополнително.

Слични Објави