Прилепските велосипедисти меѓу најдобрите во Македонија за 2025 година
На 12 декември, во хотелот „Гардениа“ во Велес, се одржа свечената церемонија за доделување признанија на најдобрите велосипедисти и клубови во Македонија за 2025 година. На настанот, значајни награди добија прилепските клубови ВК Херој и Скај Рајдерс, потврдувајќи ја доминацијата на Прилеп во велосипедскиот спорт.
Во дисциплината друмски велосипедизам, постигнати се следните резултати:
- Константин Костоски (ВК Херој) – јуниори – 1 место
- Влатко Лозаноски (ВК Херој) – мастерс – 1 место
- Стефан Маџоски (ВК Херој) – кадети – 2 место
Со овие успеси, ВК Херој беше прогласен за најуспешен младински клуб во друмски велосипедизам за 2025 година.
Во дисциплината планински велосипедизам, Стефан Маџоски (ВК Херој) го освои 2 место во категоријата кадети.
Во дисциплината спуст, одлични резултати постигна клубот Скај Рајдерс:
- Александар Стојкоски – сениори – 1 место
- Стефан Јосифоски – сениори – 3 место
Со овие пласмани, Скај Рајдерс е прогласен за најуспешен клуб во спуст за 2025 година.
Овие резултати се уште една потврда за квалитетната работа, посветеноста и континуираниот развој на велосипедизмот во Прилеп.



