БИТОЛЧАНИTE АЛЕН И АДРИЈАН РУСТЕМОВСКИ СО МЕДАЛИ ОД ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО!

Битолчанецот Ален Рустемовски освои сребрен медал на Европското првенство во бокс до 23 години, а неговиот брат Адријан Рустемовски се закити со бронза.

Храбриот Ален, иако загуби во финалето од рускиот боксер Аветијан, достоинствено ги бранеше боите на Македонија и оствари навистина фантастичен резултат. Неговиот брат Адријан, исто така, ја заврши својата борба со медал – бронза, по пораз од друг руски противник.

Македонија ретко бележи вакви вистински и релевантни успеси во олимписките спортови, а браќата Рустемовски се вистинска надеж и светла иднина на македонскиот бокс и спортот воопшто.

Слични Објави