РК Прилеп го пречекува Пелистер

Денеска се играат три натпревари од 10. коло на Супер лигата на Македонија за мажи: Бутел – Охрид, Куманово – Тиквеш и Прилеп – Еурофарм Пелистер.

Во Прилеп, во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“, во 19 часот ќе гостува актуелниот македонски шампион, Еурофарм Пелистер. Прилепскиот тим најавува дека ќе се обиде да пружи максимален отпор цели 60 минути.

– Расположени сме да одиграме добри 60 минути и скапо да ја продадеме кожата. Се надеваме на добра партија, пред се во одбраната. Многу пати се покажало дека одбраната победува, а нападот губи. Но, да бидеме реални – ќе мораме да се бориме 120 насто за да парираме на ваков противник – вели Димитар Димитриоски.

Табела (по 10. коло):

  1. Вардар – 20
  2. Алкалоид – 18
  3. Еурофарм Пелистер – 15 (-1)
  4. Охрид – 13 (-1)
  5. Бутел – 11 (-1)
  6. Пролет – 9
  7. Тиквеш – 8 (-1)
  8. Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп – 6 (-1)
  9. Струга – 4
  10. Куманово – 2
  11. Радовиш – 0

Слични Објави