11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

По повод 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ,
Општина Прилеп Ве поканува да учествувате и да ја проследите богатата програма со настани посветени на овој значаен државен празник.

Програмата опфаќа повеќе културни и свечени активности кои ќе се одржат на различни локации во градот, со учество на културно-уметнички друштва, ученици, здруженија и јавни институции.

Со достоинство и благодарност ќе се одбележи денот кога македонскиот народ го започна своето ослободително востание – симбол на борбата за слобода, правда и независност.

Општина Прилеп ги повикува сите граѓани да присуствуваат и заедно да ја оддадат почит на борците и хероите кои го втемелија патот кон современата македонска држава.

4.10.2025

10:00 – Меѓународен традиционален турнир во џудо „Прилеп град херој – 2025“
Спортска сала СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ – Џудо клуб „Сеишин“


07.10.2025

17:30 – „Низ стихови за татковината“
Вечер со родољубива поезија – ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“


09.10.2025

09:30 – 16:00 – Фестивал на медот
Плоштад „Методија Андонов – Ченто“

14:00 – Изложба „Вечито“
По повод 100 години од раѓањето на арх. Богдан Богдановиќ, автор на „Могилата на непобедените“
НУЦК „Марко Цепенков“

09–12.10.2025 | 18:00 – 20:00
15 години Поетски слем Македонија – Театарска работилница Прилеп
Плато кај Саат кула


10.10.2025

12:00 – Формирање на македонското знаме Плоштад „Методија Андонов – Ченто“

18:30 – Изложба на ДЛУП – Ликовна галерија
НУЦК „Марко Цепенков“

19:30 – Свечена програма
Плоштад Александар

  • „Химна на Република Македонија“ – КУД „Пере Тошев“
  • Поздравен говор на градоначалникот, Борче Јовчески
  • Импровизиран напад на Участакот
  • Огномет

Концерт на Влатко Лозаноски


11.10.2025

09:00 – Положување свежо цвеќе на спомениците:
Методија Андонов – Ченто, Кузман Јосифоски – Питу, Могила на непобедените

09:00 – 15:00 – Традиционална крводарителска акција по повод празникот
Простории на Црвен крст

09:00 – 15:00 – Саем на земјоделски производи
АГ ЛАГ Агро Лидер – Плато кај Саат кула

10:00 – 19:00 – Tuning Car Show
Булевар „Гоце Делчев“


12.10.2025

10:00 – Сава Мариово тур – Велосипедска трка
Нови Маркови Винчи – старт: Камена Бина4.10.2025

Слични Објави