(Видео) 64-та седница – Советот на Општина Прилеп даде поддршка за нови вработувања
Советниците на 64-та седница на Советот на Општина Прилеп, со мнозинство гласови дадоа поддршка по предлог-одлуките за давање согласност на годишните планови за вработување во 2026 година на ЕЛС Општина Прилеп, на ЈКП „Пазари“ – Прилеп, на ЈОУДГ „Наша иднина“ – Прилеп, на ЈП за ПУП, на ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески – Платник“ – Прилеп и на ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп.
Советникот од редовите на СДСМ, Александар Китаноски остро ја критикуваше одлуката за вработувања во 2026 година во ЕЛС Општина Прилеп, оценувајќи дека зад бројките стои нетранспарентна кадровска политика, без вистинска анализа за потребите. „Не е јасно кој се вработува, на кое место, и со каков критериум. Дали се овие работни места што навистина му требаат на системот, или се вработувања со друга агенда?“, праша тој
„За една обична потврда, граѓаните чекаат со денови. Се создава привид на работа, дека администрацијата работи таа е пренатрупана и нефункционална,“ рече тој.
Едногласно беше дадена согласност за одобрување на финансиски средства за учество на Општина Прилеп во реализацијата на проектот „Проект за подобрување на водната инфраструктура на општините во Република Македонија“, финансиран преку Европската инвестициона банка, како и на предлог-одлуката за учество на Општина Прилеп во проектот „Подобрување на управувањето со водите во прекуграничната област за заштита на природните ресурси“ („Improving the water management in the cross-border area for the protection of natural resources“ – AQUANA – MIS Code 6007113).
На денешната седница беа усвоени и годишниот извештај за работа за 2024/2025 и годишната програма за работа за 2025/2026 на ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп, како и годишната програма за работа на ООУ „Добре Јованоски“ – Прилеп за учебната 2025/2026 година.
Целата седница која оди во живо, можете да ја погледнете и да ги слушнете изјавите од советниците и одлуките кои се изгласаа денес на 64 седница,



