НАЈНОВИ ВЕСТИ ОД ЦУК: 6 активни пожари, 5 под контрола
Центарот за управување со кризи информира за состојбата со пожари на отворен простор во изминатото деноноќие.
Активни пожари (6):
1. Општини Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, Мал Готен и Малешевските планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)
2. Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и сува трева)
3. Општина Македонски Брод – помеѓу с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
4. Општина Македонски Брод – с. Латово, месност Маркова Стапалка (грмушки и сува трева)
5. Општина Прилеп – с. Штавица кон селата Чумово, Волково и Прилепец (ниска вегетација и деградирана шума)
6. Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума)
Пожари под контрола (5):
1. Општина Ресен – с. Шурленци до с. Езерани (трска и ниска вегетација)
2. Општина Дојран – с. Николич (мешана шума)
3. Општина Велес – кај с. Џидимирци, Крушје и Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума)
4. Општина Гостивар – с. Симница (нискостеблеста и дабова шума)
5. Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани, месност Радобилски рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација)


