ПРИЛЕП ГО НАЈАВУВА ПИВО ФЕСТИВАЛОТ 2025!
Во градот под Марковите Кули и оваа година од 18 до 20 јули, во центарот на градот ќе се одржи Пиво Фестивал Прилеп 2025, настан што веќе две децении го обединува добриот вкус, културата на пивото и богатата музичка програма.
Оваа година, фестивалот носи три различни музички вечери или што би се рекло, за секој по нешто.
Петок, 18 јули
Фестивалот ќе започне со вечер посветена на љубителите на уметничката музика. На сцената ќе настапи Камерниот оркестар на Битола, кој ќе биде музичка поддршка за тројца македонски изведувачи:
- Наде Талевска, со нејзината нежност и вокална топлина,
- Ристо Самарџиев, еден од најпрепознатливите машки гласови на македонската поп сцена,
- Андријана Јаневска, музичарка со уникатна изведба и стил.
Сабота, 19 јули
Во саботната вечер, доаѓа Харис Џиновиќ. Ќе се пеат неговите хитови во еден глас. Знаеме нашиот човек колку сака се што доаѓа од север.
Недела, 20 јули
Фестивалот ќе заврши во неделната вечер со Никола Роквиќ. .


