„Со рачни вештини до сопствен бизнис“ – Ученички учеа како да стекнат економска независност (видео)
Денес, во просториите на СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп, се одржа семинар на тема „Бренд менаџмент и маркетинг стратегии за мали бизниси“, во рамки на проектот „Зајакнување на женското претприемништво преку занаетчиство и одржливост“, имплементиран од Добредојде Македонија Welcome Center, со поддршка од Амбасадата на Република Словенија во Скопје и Министерството за надворешни и европски работи на Република Словенија, како дел од програмата „Со рачни вештини до сопствен бизнис“.
Оваа активност е дел од пошироката мисија за зајакнување на жените преку креативност, иновација и одржливи практики, со посебна поддршка на младите од текстилната струка, кои преку вакви иницијативи добиваат можност да учат како преку занает да стигнат до самовработување и економска независност.


