Музеј, училишта, сеќавање – 70 години Завод и Музеј Прилеп(видео)
Денес во НУ Завод и Музеј Прилеп, се одбележаа 15 години од проектот „Музеите во училиштата или училиштата во музејот“. Стотици ученици и десетици наставници во изминатите 15 години под раководство на Александар Цветкоски – кустос во музејот, создаваат видео перформанси со кои на еден специфичен и модерен начин, најмладите учат за навиките, начинот на живот и уште многу други карактеристики кои ги имале нашите предци.
Директорката на НУ Завод и Музеј Прилеп Мимоза Христоска, се заблагодари на сите учесници до сега, а се доделија и благодарници за сите кои несебилно учествуваа во овој проект, нагласувајќи дека нивната посветеност дава подтик и понатаму да се работи овој проект.
Александар Цветкоски, зборуваше зошто овој проект е толку важен и непроценливото значење за зачувувањето на недоловливата социјална и духовна култура низ шеговити перформанси.
Присутните ги поздрави и градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, нагласувајќи го значењето на музејот не само за прилепската, а и за македонската култура.



