|

Прилепчанецот Гоце Седлоски – сериозен кандидат за нов селектор на Македонија

Прилепчанецот Гоце Седлоски, актуелен тренер на Вардар, е меѓу најсериозните кандидати за кормилар на македонската фудбалска репрезентација. Сè поизвесно е дека мандатот на актуелниот селектор Благоја Милевски, кој ја води репрезентацијата од 2021 година, привршува и дека нема да му биде понуден нов договор од страна на ФФМ.



Останува отворено прашањето: кој ќе ја води Македонија на баражот во март, во пресрет на уште еден историски обид за пласман на големо натпреварување?

Утре во Цирих ќе биде познат и противникот – Италија, Турција, Данска или Украина.

Спортските медиуми веќе пласираат две сериозни имиња како потенцијални наследници на Милевски:

Како можно решение се спомнува и Славен Билиќ – поранешен успешен селектор на Хрватска, со богато искуство и во Премиерлигата.

Слични Објави