250 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ОПШТИНИТЕ, ОПШТИНА РЕСЕН ВЕЌЕ СО ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА ПРВАТА ТРАНША ОД ПРОЕКТОТ
Вчера во просториите на Владата градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски го потпиша договорот од првата транша од проектот.
250 милиони евра за капитални инвестиции во општините кој беше објавен од страна на Министерството за локална самоуправа.
● Реконструкција на ул. Наум Веслиевски.
● Реконструкција на пат Ресен- Болно од Нова Слога до мост на река Болшница.
● Реконструкција на ул. во с. Наколец.
● Изградба на пешачка патека на ул. Јосиф Јосифовски.
● Изградба на атмосферска канализација на дел од ул. Борис Кидрич.
● Изведба на водоводна мрежа со куќни приклучоци на ул. Наум Веслиевски.