ЗАПОЧНА ФЕСТИВАЛОТ НА МЕДОТ
Денес започна Фестивалот на медот, кој ќе трае до 12 Октомври – Сабота.
Со овој фестивал „Медот и пчелните производи, инвестиција во вашето здравје“ – годинава се одбележува 15 години јубилеј.
Добивањето на медот е подарок од природата за сите нас.
Огромна благодарност до сите присутни учесници, затоа што се трудите да допринесете за подобро здравје кај нашите сограѓани. Здравје во тегла, е она што во овие четири фестивалски денови ќе им го понудите на Прилеп и прилепчани. - Упати Градоначалникот Борче Јовчески.
Природниот мед претставува единствена нерасиплива храна, која со тек на времето може само да го менува обликот но не и да се расипе. Оваа одлика ја истакнува неговата вредност и потврдува зошто оваа вкусна и здрава намирница била употребувана како природен засладувач уште во праисторијата.
Упатувам честитки до Пчеларското здружение Братство, како и до сите останати здруженија и самостојни пчелари за оваа организација на фестивалот на медот и се надевам дека заедно ќе ја постигнеме целта, а тоа е да се поттикне производството на мед и да се влијае врз порастот на неговата потрошувачка.Ви посакувам успех во производството и ги поттикнувам сите оние кои што имаат желба да започнат да се занимаваат со пчеларство а на сите наши сограѓани им препорачувам редовно да го консумираат медот и пчелните производи затоа што навистина тоа е инвестиција во нашето здравје. Стои на Фејсбук страната на Градоначалникот.
фото: Општина Прилеп