КРУШЕВО РАСКОПАНО – СЕ ЗАМЕНУВААТ ОПАСНИТЕ АЗБЕСТНИ ЦЕВКИ СО НОВИ ПВЦ
Во Крушево е во тек еден од најголемите зафати во поблиското минато. Се менува водоводната мрежа. Старите дотраени и опасни азбестни цевки се заменуваат со нови пвц.
На реакциите од граѓаните, Општина Крушево одговори со тоа дека, подобро сега да бидат раскопани улиците, еден месец, отколку во лето кога градот е полн со туристи, а во тој период се случуваат и огромни загуби на питка вода.
Целосното сооштение на Општина Крушево:
Оправдани се вашите реакции, но Подобро раскопани улици еден месец отколку 50 години труење на сите нас, нашите сограѓани и гости преку затекнатите поставени азбесни и метални скапани, дотраени цевки кои денес се заменуваат со нови ПВЦ, преку кои се снабдува месното население и гостите кои го посетуваат и престојуваат во нашето Крушево.
Подобро да има реакции сега, отколку во лето кога има огромни загуби на вода и недостаток на питка вода за пиење!
Ве замолувам за трпение, се работи насекаде и сакаме што побрзо да се заврши и реализира реконструкцијата на постојната водоводна мрежа по краци, тоа бара време за ископ, тестирање, нови приклучоци, исклучување на сите диви, поправање на дефекти и сл.
Должност му е на инвеститорот после завршените работни активности да врати се во првобитна состојба.
Упатувам благодарност до ТАВ Македонија што ни излезе во пресрет во имплементација нашиот издржан и многу значаен капитален проект за реконструкција на водоводната мрежа во Крушево.
За нас граѓаните се на прво место!
Крушево се гради и променува секој ден!