Тешко повреден 52-годишен прилепчанец во сообраќајка со мопед, возел со 1,03 промили
Педесет и двегодишен прилепчанец е тешко повреден откако изгубил контрола над мопедот што го управувал и паднал на коловозот на улицата „Тетовска“ во Прилеп.
Според информациите од МВР, сообраќајната несреќа се случила вчера околу 14 часот. Т.П. (52) управувал мопед со прилепски регистарски ознаки, при што од засега непознати причини изгубил контрола над возилото и паднал на коловозот.
Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општата болница во Прилеп.
При извршените проверки било утврдено дека прилепчанецот го управувал мопедот под дејство на алкохол. Кај него биле измерени 1,03 промили алкохол во крвта.
На местото на несреќата увид извршила увидна екипа од ОВР Прилеп. По целосното документирање на случајот, од страна на полицијата ќе следува соодветен поднесок.


