Малолетник тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп- Македонски Брод

Малолетник е тешко повреден во сообраќајка на патот Прилеп- Македонски Брод. 



На 28.02.2026 во 02:00 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на патот Прилеп- Македонски Брод се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ф.И. од село Дебреште и патничко возило „бмв” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш. од село Дебреште.

По несреќата, 17-годишен сопатник од возилото „ауди”  бил пренесен Градската општа болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. 

Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Македонски Брод. 

Слични Објави