РАКОМЕТНИОТ КАРАВАН 2025 ДОАЃА ВО ПРИЛЕП
На 14 октомври (вторник), во периодот од 12:30 до 14:00 часот, во спортската сала на ООУ „Добре Јованоски“ во Прилеп ќе се одржи спортскиот настан „Ракометен караван 2025“.
Настанот има за цел да го промовира ракометот како национален спорт и да ги запознае најмладите генерации со неговата убавина, вредност и значење за спортскиот дух во Македонија. Организаторите најавуваат динамична и забавна програма исполнета со дружење, натпреварувачки активности и демонстрации на ракометни вештини.
Гостите на караванот ќе бидат познатите имиња од македонскиот ракомет – Индира Кастратовиќ, како и специјалните гости Горан Кузманоски, Силвана Карбеска и Димитар Димитриоски.
Очекувањата се дека настанот ќе донесе многу позитивна енергија и ќе инспирира нови млади љубители на ракометот во Прилеп.



