|

Одржана првата средба од циклусот јавни консултации за Буџетот на Општина Прилеп за 2026 година.

Вечерва се одржа првата средба од циклусот јавни консултации во рамките на процесот за креирање на Буџетот на Општина Прилеп за 2026 година.



На средбата учествуваа граѓани, како и претставници од урбаните и месните заедници, кои дадоја предлози, идеи и приоритети. Дискусија што треба да ги приближи граѓаните до локалната самоуправа и да придонесе кон отвореност и транспарентост на општината при дефинирањето на вистинските насоки за развој на општината.

Процесот продолжува во понеделник, кога ќе се одржи следната консултативна средба, овој пат со фокус на реалниот сектор – стопанствениците, претставниците на невладиниот сектор и релевантните централни институции.

Слични Објави