Ново игралиште за „баскет“ во дворот на ООУ „Рампо Левката“
Во дворот на основното училиште „Рампо Левката“ денес беше пуштено во употреба ново игралиште за баскет со тартан подлога и ново осветлување.
Инвестицијата од 1.300.000 денари е обезбедена од Буџетот на Општина Прилеп. Со ова, досега неискористениот простор доби нов живот и стана место каде што децата и младите ќе можат безбедно и со радост да спортуваат.
Игралштето ќе биде достапно и за учениците и за сите љубители на спортот од соседството и градот. Општината најавува дека ќе продолжи со вложувања во училиштата и спортската инфраструктура, бидејќи грижата за најмладите е најдобрата инвестиција во иднината на Прилеп.



