„ЦРНИЛА“ во Прилепски театар – Ќе се игра во „Сцена 105“

Театарот „Војдан Чернодрински“ ја најавува новата претстава „ЦРНИЛА“ во режија на Дејан Пројковски. Претставата го обработува историскиот и политичкиот контекст, како и темите за егзистенцијалниот апсурд, човечкиот пад и предавството.



  • Генерална проба: четврток, 27 ноември 2025, 18.30 ч.
  • Претпремиера: петок, 28 ноември 2025, 20:00 ч.
  • Премиера: сабота, 29 ноември 2025, 20:00 ч.

„Сцена 105“ е просторија во НУЦК„Марко Цепенков“-Прилеп. која пред 20тина години беше направена за камерни претстави, но никогаш не заживеа како таква и повремено се користеше за алтернативни и аматерски претстави. Во периодот кога беше направено киното „Мис Стон“, седиштата од „Сцена 105“ беа искористени за таа сала, а просторијата беше претворена во „Сликарско ателје“. Потоа следуваше период кога се користеше само како магацин, за пред една година, да биде преуредена како „дневна соба“, најчесто за прес-конференции и работилници, промоции на книги.

Како ова алтернативно решение, во ситуација кога Прилеп нема театарска зграда, ќе функционира ќе покаже самата претстава во Четврток.

Слични Објави