Променливо облачно време со повремен дожд, на планините слаб снег
Утре времето ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд. На повисоките планини се очекува дождот да премине во слаб снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој повремено ќе засилува.
Во наредните денови се очекува стабилизација на временските услови. Ќе преовладува сончево време со променлива облачност во текот на денот, без позначајни врнежи.


