Утре продолжува Од 0 до Култура – The Doctors tribute to Michael Jackson

Прилепскиот рок-фанк бенд The Doctors овој четврток, 21 часот, на камената бина, ќе приреди вечер посветена на еден од најголемите музички имиња на сите времиња, Michael Jackson.

Бендот е формиран кон крајот на 2022 година, а денес го сочинуваат Сергеј Попоски (вокал), Ѓорѓи Петкоски (бас гитара и придружен вокал), Вилијам Спиркоски (тапани), Филип Сотиров (ритам гитара), Марко Стојаноски (соло гитара) и Мирослав Миленкоски (саксофон).

The Doctors се добро познати на локалната сцена, со бројни настапи во Прилеп, Битола и Скопје. Нивниот репертоар опфаќа рок, фанк и поп класици од светската музичка сцена, македонски хитови во сопствени аранжмани, како и авторска музика.

Со својот препознатлив звук и енергија, бендот им оддава почит на музичките великани кои оставиле траен белег во историјата на рок, фанк и поп музиката.

Во рамките на овој музички проект, публиката ќе има можност да ужива во трибјут концерт посветен на „Кралот на попот“ – Michael Jackson, со изведби на дел од неговите најпознати безвременски хитови во препознатливиот стил на The Doctors.

Слични Објави