„Феникс“ создава ШАМПИОНИ!!!🏆🏆🏆
На 19 април 2026 година се одржа Државното првенство во карате за деца, на кое каратистите од клубот „Феникс“ оставија силен впечаток со извонредни настапи и врвни резултати, освојувајќи шампионски титули и комплетирајќи цели пиедестали во повеќе категории.
Со прецизност, дисциплина и борбен дух, младите натпреварувачи на „Феникс“ покажаа доминација, особено во машката категорија до 10 години, каде ги освоија првото, второто и третото место – резултат што ретко се постигнува и сведочи за квалитетната работа во клубот.
1.Ката тим 10-11год женски – Државни ШАМПИОНИ (Јована Димитриоска, Јована Конеска, Андреа Чочева) 🥇🏆
2. Андреа Чочева – Државен ШАМПИОН 10год женски 🥇🏆
3.Сергеј Ѓуриќ – Државен ШАМПИОН 10год машки 🥇🏆
4.Ката тим 10-11год машки – Државни ВИЦЕШАМПИОНИ (Димитар Јанески, Сергеј Ѓуриќ, Горазд Мантароски, Филип Момироски) 🥈🏆
5.Антонио Нунески – Државен ВИЦЕШАМПИОН 12год машки🥈🏆
6.Горазд Мантароски – Државен ВИЦЕШАМПИОН 10год машки 🥈🏆
7.Доротеа Стојаноска – 3то место 10 год женски 🥉🏆
8.Јована Димитриоска – 3то место 11год женски 🥉🏆
9.Ненад Гоцевски – 3то место 10год машки 🥉🏆
Машки до 10 години е целосна наша со прво второ и трето место…..ДОМИНАЦИЈА!
Овие резултати претставуваат уште една потврда за континуираниот развој и успех на клубот „Феникс“, кој со години вложува во млади таленти и нивна спортска едукација.
Со освоените медали, каратистите обезбедија пласман на претстојното Балканско првенство, со што официјално стануваат дел од репрезентацијата на Македонија – чест и одговорност што дополнително ја потврдува нивната спортска вредност.
Успехот на „Феникс“ е доказ дека посветената работа, стручниот тренерски пристап и тимскиот дух носат врвни резултати, поставувајќи високи стандарди за идните генерации каратисти.




