НОВО ВИДЕО ОД ОРЕOВЕЦ: КАМИОНИ ЗАМИНАА ПРАЗНИ, ПОЛИЦИЈА НА ТЕРЕН
Граѓанската иницијатива „Спас за Прилеп“ објави ново видео од Оревоец, на кое се гледа како камиони го напуштаат каменоломот – без товар.
Набргу потоа, на терен пристигнува и полиција. Според присутните, полициските службеници ги предупредиле дека имаат загарантирано право на протест, но дека не смеат да блокираат патишта.
Граѓаните возвраќаат дека станува збор за пат кој, како што тврдат, воопшто не е официјално заведeн, па оттука не може да се третира како класична сообраќајница.
Тензијата останува, а прашањата се отвораат:
дали се почитуваат законите,
и кој ја штити водата на Прилеп?
Иницијативата најавува дека нема да се откаже од блокадите



