Ограничување на сообраќајот во Дебреште поради итни градежни работи

Во рамки на проектот LRCP-9034-9210-MK-RFB-A.2.11 (1), кој се однесува на подобрување на инфраструктурата на локалните патишта во избрани општини, на (4 март 2026 година) ќе има привремено ограничување на сообраќајот во населеното место Дебреште.

Од Општина Долнени информираат дека поради појава на непредвидени дополнителни градежни активности, ќе се изведуваат итни работи на терен, што ќе предизвика ограничување на сообраќајот во период од 09:00 до 15:00 часот.

Градежните активности ќе се реализираат на излезот од Дебреште кон Лажани, каде ќе се врши поставување на одводни цевки Ф1000 преку локалната улица.

Изведувач на работите е БВ Инжинеринг, а од компанијата најавуваат дека во текот на активностите ќе бидат поставени лица на терен кои ќе го регулираат сообраќајот со знамиња, со цел безбедно одвивање на сообраќајот.

Од надлежните апелираат до граѓаните да покажат трпение и да ја почитуваат поставената сигнализација во наведениот период.

Слични Објави