Центарот за култура „Марко Цепенков“ ја објави програмата за 2026 година
Прилеп – Центарот за култура „Марко Цепенков“ ја објави својата богата програма за 2026 година, поддржана од Министерството за култура и туризам. Во фокусот се проекти од драмската, музичко-сценската, фолклорната, литературната и визуелната уметност, кои на хартија изгледаат одлично, но останува прашањето, Каде ќе се реализираат театарските претстави?
Драмска дејност
Љубителите на театарот ќе можат да ги проследат претставите:
- „Животинска фарма“ – Џорџ Орвел, режија Ќендрим Ријани
- „Девојките на Марко“ – според Боинг Боинг од Марк Комолети, адаптација и режија Синиша Ефтимов
- „Саатот“ – Лидија М. Ѓорѓиевска, режија Кристина Димитрова
- „Лет над кукавичјото гнездо“ – Кен Кеси, режија Ѓорѓи Ризески
- „Ловец на р жта“ – според Џ.Д. Селинџер, режија Мартин Кочовски
Музичко-сценска дејност
Програмата вклучува и богата музичка понуда:
- „Чембалото на европските дворови од XVII век“
- Концерт на женскиот камерен хор „Керамија“
- „Stefanijazz project“ – интимно музичко патување
- „Мевлем“ – вечер на музика и поезија
- „Сезоните на Чајковски“ – концерт на Trio Dolce
- „Вечер на француски песни“ – глас и пијано
Фолклорна дејност
За љубителите на народната традиција, програмата нуди:
- Концерт на Драган и Ратко Даутоски
- „Со љубов за Прилеп“ – КУД „Пере Тошев“
- Работа на КУД „Моминок“ – возрасни и подмладок
- Вечер на староградска музика и песна „Звуците на градот“
Литература и издавачка дејност
- Списанието „Стремеж“ продолжува да го афирмира писателското и уметничкото творештво во Прилеп.
Визуелна уметност, архитектура и дизајн
Програмата во оваа област вклучува изложби, колонии и работилници:
- Интернационална ликовна колонија „Марко Цепенков – Дрен 2026“
- Изложби на Ивана Темелкоска, Златко Крстевски, Сашо Ацковски, Ѓорѓи Десподов, Давид Атанасоски, Бојана Артинвоска, Филип Перески, Христијан Томан, Милица Алимпиќ Илиќ, Александра Ацеска и Александар Џинго
- Работилница за мозаик со млади таленти „Мозаикот денес 2026“
- Годишна изложба на ДЛУП и преземање на изложба по повод 80 години ДЛУМ
Центарот за култура „Марко Цепенков“ со оваа програма ја потврдува својата улога како главен културен центар во Прилеп и регионот, нудејќи содржини за љубителите на сите видови уметност и култура.



