„Врбјанска Чука: зрно по зрно, погача“ – Откриен е најголемиот неолитски амбар во Европа

Во Петок, 31 Октомври, во 19.00ч, во НУ „Завод и Музеј“ – Прилеп ќе биде отворена изложбата „Врбјанска Чука: зрно по зрно, погача“, посветена на откритието на најголемиот неолитски амбар во Европа – уникатна архитектонска целина за чување и обработка на жито, составена од еден голем реципиент и осум помали сандаци долги околу 4 метри.

На локалитетот Врбјанска Чука откриен е најголемиот неолитски амбар во Европа — уникатна архитектонска целина за чување и обработка на житото, составена од еден голем реципиент и осум помали сандаци долги околу 4 метри.

Во рамките на истражувањата на Врбјанска Чука, овој импресивен амбар е документиран со помош на 3D технологија, која ни овозможува подлабоко проучување и креативно промовирање на наодите. Благодарение на 3D снимањата, покрај архитектонските детали и декоративните елементи кои потсетуваат на мотивите од малите неолитски жртвеници, јасно се забележуваат и отпечатоци од прсти — траги од премачкувањето и моделирањето на површината при изработката.

Овој амбар е прекрасен пример како практичната и симболичката улога се преплетуваат во неолитната материјална култура, и како предметите поврзани со ритуали и церемонии се дел од секојдневието. Еден од тие предмети — жртвеник — е пронајден токму во амбарот и е избран за централна илустрација на плакатот за изложбата „Врбјанска Чука: зрно по зрно, погача“.

Дополнително: На изложбата ќе бидат прикажани 3D визуализации, фотографии од теренот и детални описи на конструкцијата и употребата на амбарот. Посетителите ќе можат да се запознаат со начинот на производство и ритуалната пракса поврзана со складирањето и обработката на житото.

3D илустрација: Југослав Пендиќ

Слични Објави