Проданоски: Најавувам голема двојна победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Прилеп уште во првиот круг!

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата најавија убедлива двојна победа во Прилеп уште во првиот изборен круг, соопштија од партијата по завршувањето на гласањето.

„Ова е победа на делата, на чесноста, на вистинските луѓе! Прилепчани покажаа дека ја препознаваат вистинската работа и вистинскиот човек“, – Дејан Проданоски

„Го продолжуваме започнатото со иста решителност, со уште поголема сила и верба во иднината на Прилеп. Ова не е само победа, ова е порака дека заедно ја градиме иднината што ја заслужуваме“, изјави тој, упатувајќи благодарност до сите гласачи за довербата и поддршката.

Од партијата додаваат дека фокусот останува на конкретни дела, одговорност и развој на градот.

„Продолжуваме уште посилно со љубов кон Прилеп што расте и напредува. Да живее Прилеп! Да живее Македонија!“, стои во соопштението на Дејан Проданоски на неговиот фејсбук профил.

Слични Објави