10 плутони почесна стрелба за најава на Денот на Армијата
Вечерва, по повод одбележувањето на Денот на Армијата на Македонија, ќе бидат истрелани 10 плутони почесна стрелба.
Оваа свечена артилериска традиција претставува дел од централните активности со кои државата и Армијата го чествуваат 18 август – денот кога во 1943 година на Славеј Планина бил формиран баталјонот „Мирче Ацев“, првата организирана воена единица на македонскиот народ во Втората светска војна.
Со почесната стрелба се оддава признание за историската борба за слобода, но и за современата улога на Армијата како гарант на безбедноста, стабилноста и државноста на земјата.
Денот на Армијата се одбележува секоја година со свечени манифестации, воени почести и доделување на признанија на припадниците на Армијата кои со својата служба придонесуваат за безбедноста на земјата и учествуваат во меѓународни мировни мисии.


