Пожарот уништи сè, освен црквата (Видео)
Пожарот што го зафати село Николиќ остави зад себе пустош, но едно место остана недопрено – селската црква. Кире Михаилов, заменик директор на ЈП „Национални шуми“, преку видео објавено на социјалните мрежи, го сподели овој момент како „вистинско чудо“.
„Сè е изгорено, освен црквата,“ вели Михаилов во видеото кое предизвика голем интерес кај јавноста. Според него, и покрај силниот оган кој ја проголта околината, објектот на црквата останал неоштетен.



