ТРОЈЦА МРТВИ – ДВАЈЦА УБИЕНИ И САМОУБИСТВО ВО ПРИЛЕП
Според неофицијални, но повеќекратно потврдени информации, локалните жители слушнале викање и истрели уште во попладневните часови. Драмата започнала во семејна куќа во Прилеп, кога маж (вујко на убиениот) најпрво го убил таткото, потоа и 11-годишното момче. По крвопролевањето, напаѓачот се барикадирал, вооружан, и упатувал закани.
Убиецот напишал и морбиден статус на социјалните мрежи во меѓувреме.

Во куќата на убиецот се пронајдени трите тела во Прилеп – Фрлил бомба кон полицијата пред да се самоубие
Две лица, татко и син се убиени, а убиецот се самоубил ноќеска во Прилеп. Според првичните сознанија, 63-годишнен прилепчанец прво го лишил од живот својот 43-годишен внук од сестра и неговиот 11 годишен син, поради семејни недоразбирања и нерасчистени имотни прашања, а потоа се самоубил.
Таткото и синот отишле во куќата на вујкото на улицата „Стеван Апостолоски“ околу 15 до 16 часот. Освен вујкото немало никој друг во куќата. Инаку, претходно вујкото му ја препишал куќата на внукот. Не се знае што се случувало наредните часови само се знае дека таткото и 11-годишниот син биле убиени со пиштол пред да стигне полицијата околу 22 часот. Ова е утврдено зашто соседите слушнале истрели, вели јавниот обвинител Стевчо Биноски.
Сопругата на убиениот викнала полиција откако се загрижила што со часови ги немало нејзиниот сопруг и син. Полицијата пристигнала пред куќата околу 22 часот и кога се обидела да влезе, убиецот им фрлил бомба која полуексплодирала, но, не предизвикала никакви повреди
Прашања без одговор
Граѓаните бараат одговор:
- Зошто полицијата чекала со часови пред да интервенира?
- Дали можеше да се спречи барем дел од трагедијата?
- Дали институциите имаат протоколи за итно дејствување во вакви ситуации?


