ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 46 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА „ЦПЛИП – ПОРАКА‟, ДЕМИР ХИСАР
Вчера, во „Клубот на пензионери“, Демир Хисар, се одржа традиционална манифестација во организација на ЦПЛИП „ПОРАКА“, Демир Хисар, а со поддршка на Општина Демир Хисар, по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост.
Претседателот на ЦПЛИП „ПОРАКА“, Демир Хисар, Љубе Димчевски во своето пригодно обраќање изрази голема благодарност до градоначалникот Најдовски и Општина Демир Хисар за безрезевната, несебична и континуирана поддршка и помош околу програмските активности на Центарот.
Одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, покрај другото, има цел подигнување на свеста за правата на овие лица, односно да го промовира и нашето разбирање на проблемите со попреченост, да ја мобилизира поддршката за достоинството, правата и благосостојбата на лицата со попреченост.
Градоначалникот Најдовски, изрази благодарност, пред сѐ, за укажаната чест да биде дел од оваа свеченост, не само како покровител, туку и како личност која секогаш ја дава поддршката во креирање на инклузивни и сеопфатни мерки и активности кога е во прашање интеграцијата на лицата со попреченост.
– Сите треба да бидеме и да се однесуваме подеднакво одговорни, како и да создаваме нови можности и секојдневно да овозможуваме соодветни услови, за овие лица, да го дадат својот придонес во општеството до оној степен до кој можат. Во оваа прилика сакам да упатам и јавна порака до сите општествени чинители за поголем ангажман – максиимално да вложуваат дополнителни напори и постојано да обезбедуваат поддршка, не само во институционална форма, туку и морална, бидејќи грижата за овие лица ѝ е една од примарните цели. Во ова поздравно обраќање сакам уште еднаш да ви го честитам 3. Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост и 46 години успешна и активна опстојба на „ЦПЛИП – ПОРАКА‟, Демир Хисар, да ви посакам добро здравје, лична среќа и радост во вашите семејства, истакна Најдовски.
На настанот беа доделени награди и признанија на ученици од трите основни општински училишта на територијата на општината, како и на ученици од средното општинско училиште за ликовни и литературни творби. А, како израз на признание и во знак на успешна соработка и придонес во остварувањето на Програмата за работа ЦПЛИП „ПОРАКА“, Демир Хисар, организаторите врачија и благодарници до Јавни установи и претпријатиј