ВТОР ЈАВЕН ПОВИК ЗА ОПШТИНСКИ ПАРИ ВО ИСТА ГОДИНА
Општина Прилеп објави втор јавен повик за распределба на пари од Буџетот распределба на финансиски средства од Буџетот на Општина Прилеп за 2026 година, наменет за финансирање на спортски клубови, професионални спортски клубови, здруженија и фондации, со цел доискористување на предвидените буџетски средства за поддршка на спортот во нашата општина.
Рокот е 7 септември.
И тука почнуваат прашањата.
По првата распределба на средствата изби скандал, се бараше преиспитување на начинот на распределба и беше донесен заклучок дека треба да се изготви нов правилник.
А сега, втор повик. Во иста буџетска година.
Колку што ни е познато, досега Општина Прилеп немала ваква практика, два јавни повици за распределба на средства за спорт во една година.
Па логично е да прашаме:
Дали новиот правилник е донесен пред објавувањето на вториот повик?
Ако не е, според кои правила ќе се распределуваат парите, затоа што беше кажано, според стариот правилник, тоа е последен пат?
Спортските клубови заслужуваат пари.
Но уште повеќе заслужуваат јасни правила, еднакви критериуми и транспарентна распределба.
Зашто кога еднаш ќе се појави скандал со распределбата, вториот повик не треба да биде само нов лист хартија.
Треба да биде доказ дека нешто навистина е сменето.


