(видео) „ЗНАМ“ – Прилеп: „Граѓаните се делумно разочарани и аполитични, што е дополнителен мотив за новата власт да покаже дела, а не зборови“
Претставниците на политичката партија Движење „ЗНАМ“ се заблагодарија на прилепчани за мирниот и демократски изборен ден, истакнувајќи дека Прилеп уште еднаш покажал политичка зрелост.
Движењето ќе има еден советник во новиот Совет на Општина Прилеп. Се упати благодарност до сите гласачи – и до оние што ги поддржале, и до оние што избрале други опции, како и до оние што останале дома, со порака дека нивниот сигнал е разбран.
Во говорот беше упатена честитка до новиот градоначалник Дејан Продановски, со порака за соработка и единство во интерес на граѓаните:
„Изборите завршија, време е сите заедно да придонесеме за поубав, помодерен и позелен Прилеп.“
„ЗНАМ“
Посебен повик беше упатен кон реформирање на СДСМ и отворена покана до чесните и квалитетни членови на таа партија да се приклучат кон Движењето „Знам“.
Во одговорите на новинарски прашања, од Движењето изјавија дека очекувале два советника, но ќе направат анализа на резултатите и причините за пониската излезност.
„Граѓаните се делумно разочарани и аполитични, што е дополнителен мотив за новата власт да покаже дела, а не зборови.“


