Се врати туристичкото вовче во Прилеп

Секој работен ден од 17:00 часот до 22:00 часот, повторно децата можат да уживаат со возењето со детското туристичко вовче, кое со ѕвонење го најавува своето тргнување од Бул. „Гоце Делчев“

Тргнувањето е од пред „Реклами“, каде се чека ред и се бара место повеќе, за да се доживее една необична авантура и тура низ градот, со многу насмеани деца! Среќните лица на дечиња, родители, баби и дедовци и многу насмевки, радосен восклик и детска возбуда, само даваат мотив повеќе за збогатување на забавните детски содржини во градот.

-Локалната самоуправа на општина Прилеп заедно со ЈП ЗА ПУП, ја збогатија детската забава во градот со пуштањето на детското туристичко вовче, а Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески најави дека и во иднина ќе работат на подобрување на културно-забавниот живот во Прилеп за сите генерации, а особено на проекти за радосни, среќни и насмеани деца.

Слични Објави