МВР ТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТО 14-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ОД СКОПСКАТА НАСЕЛБА ИЛИНДЕН
Откако на социјалните мрежи се прошири апел за пронаоѓање на младата Клара, се огласи и Министерството за внатрешни работи.

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека трага по изчезнатато 14-годишно девојче К. Р. од скопската населба Илинден.
„На 02.08.2024 околу 23.45 часот И. Т. (33) од н. Илинден, Скопје пријавила дека на 02.08.2024 околу 18 часот нејзината малолетна ќерка К. Р. (14) се оддалечила од домот. К. Р. имала здравствени проблеми, а причина за оддалечувањето била претходна расправија помеѓу К. Р. и И. Р. Се преземат мерки за пронаоѓање на лицето“, соопштија од МВР.
На социјалните мрежи се споделува фотографија од девојчето и апел од нејзината мајка, во која наведува дека девојчето со име Клара е излезена вчера во 18 часот во Илинден, на себе има црни кратки панталони, црна блуза со натписи и црно-сиви патики. Висока е 1.65 сантиметри, тешка 56 килограми и има кафен- зелени очи.
„Ако некој ја забележи да пријави во најблиската станица“, апелира мајката.
Според објавата на ФБ, девојката со себе носела црни кратки панталони, црна блуза со натписи и црно-сиви патики. Нејзината висина е 165 cm, тежина 56 kg, а очите се кафено-зелени.


