Ѓорѓи Спасов: Што ќе им се реформи на партиските “султани”?
„Ако имате партитократија, како што се случува во ваквите општества, како што е и нашиот случај, каде што партијата преку мнозинскиот пратенички состав контролира, реално, се, тогаш вие имате контрола од еден центар. Проблемот е како да ги демократизирате политичките партии внатре, како нив да ги направите демократски политички структури, кои што нема на тој начин да ја злоупотребуваат сопствената партиска моќ. Тоа е централната болна точка на реформите во Македонија, реформите на политичките партии. Кај нас политичките партии се претворени во еден вид на, “султан партии”, со висока и зголемена моќ на претседателот на партиите, на извршните тела на партиите и тие тешко се откажуваат од таквата командна моќ“- вели Ѓорѓи Спасов – поранешен министер за правда во интервјуто, дел од проектот „Детски болести на демократијата“ реализиран од АГТИС Прилеп.
Содржината може да се сподели со наведување на изворот ОТВ Прилеп.
Повеќе на видеото.