ЈАВЕН ПОВИК ЗА РАБОТНО АНГАЖИРАЊЕ НА 20 ЛИЦА ВО ОПШТИНА ПРИЛЕП – проект „Јавни работи“
Општина Прилеп објави јавен повик за вклучување на 20 евидентирани невработени лица со ниски квалификации, односно лица без образование и со основно образование, во проектот „Јавни работи“.
Се повикуваат сите евидентирани невработени лица со ниски квалификации (без образование и со основно образование) кои се заинтересирани да се вклучат во проект „Јавни работи“ за работно ангажирање на 20 лица во Општина Прилеп, да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување Прилеп. Работното ангажирање на лицата ќе биде во времетраење од 30 дена, по четири часа дневно.
Лицата ќе бидат ангажирани за спроведување на следните активности во Општина Прилеп:
- Одржување на јавно прометните површини;
- Одржување и обновување на зелени површини;
- Селекција на отпад;
Статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисниците на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење на парична помош.
Право на учество во Проектот „Јавни работи“ имаат сите невработени лица со ниски квалификации (без образование и со основно образование), евидентирани во Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Проектот.
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Проектот „Јавни работи“ се предвидува паричен надоместок во висина од 800 денари дневно, бруто износ по работно ангажирано лице, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Заинтересираните невработени лица пријава за учество во проектот „Јавни работи“ во Општина Прилеп можат да поднесат во Агенција за вработување – Центар за вработување Прилеп во периодот од 22.10.2026 година до 29.10.2026 година, од 09:00 до 14:00 часот, во канцеларија бр.3.
Повеќе информации за условите и начинот на пријавување се достапни во целосниот јавен повик на следниот линк:


