СООПШТЕНИЕ – ДО 1 СЕПТЕМВРИ ПОДНЕСЕТЕ БАРАЊЕ ЗА ПРОЦЕНА НА ШТЕТИТЕ ОД НЕПОГОДАТА
Општина Прилеп ги информира сите жители од населените места Големо Коњари, Мало Коњари и Мажучиште дека Советот на Општина Прилеп на својата 18-та седница донесе Одлука за формирање на Комисија за процена и утврдување на висината на штетата од природни непогоди.
Се информираат сите жители од населените места Големо Коњари, Мало Коњари и Мажучиште во Општина Прилеп, дека Советот на Општина Прилеп на својата 18-та седница донесе Одлука за формирање на Комисија за процена и утврдување на висината на штетата од природни непогоди во населените места Големо Коњари, Мало Коњари, Мажучиште во Општина Прилеп.
Комисијата, по доставените барања, ќе излезе на терен за да ја утврди висината на штетата и ќе изготви Извештај и Елаборат за вкупните и поединечните штети, кои со Одлука на Советот се доставуваат до Владината комисија за понатамошна постапка.
Ги повикуваме жителите од овие населени места дека од 26.08.2026 година до 01.09.2026 година, секој работен ден од 8:30 до 15:30 часот, во приемното одделение на Општина Прилеп на ул. „Прилепски бранители“ бр. 1, можат да ја достават следната потребна документација:
1. Барање (се подига од приемното одделение или се презема од веб-страната на Општина Прилеп).
2. Соодветен документ со кој се докажува владение или сопственост (имотен лист, договор за закуп, изјава од двајца сведоци заверена на нотар дека ја работи нивата и сл.).
3. Копија од лична карта.
4. Копија од трансакциона сметка.
5. Контакт телефон.
КРАЈЕН РОК: Крајниот рок за доставување на барањата за утврдување на штетата е ВТОРНИК, 01.09.2026 година.


