(видео) Тунески: Не чувствувам одговорност. Немам никаква финансиска добивка од здружението
Осврнувајќи се на обвинувањата кои се појавија во текот на вчерашниот ден, советникот Христијан Тунески од говорницата на Советот на Општина Прилеп изјави дека не чувствува никаква одговорност. Тој истакна дека немал никаква финансиска корист од здружението и дека неговата улога била единствено да помогне при неговото формирање, без личен интерес или материјална корист.



