Организација: Уште малку време остана, не знајме шо чекате…Е.АГО!
Остануваат уште 4 дена за пријавување, кај „ТАБЛАЏИИ ЕБАГО“
Организаторите информираат дека пријавувањето трае до 4 јуни 2026 година, а сите заинтересирани можат да се пријават во MyPlace Prilep, лоциран во приземјето на Бизнис Центар Прилеп.
Од организацијата упатуваат повик до сите љубители на оваа популарна игра да не го пропуштат рокот за пријавување и да станат дел од турнирот, кој ќе понуди добра атмосфера, дружење и натпреварувачки дух.
„Останува уште малку време за пријавување. Ве очекуваме да бидете дел од турнирот во табла“, порачуваат организаторите.
Крајниот рок за пријавување е 4 јуни 2026 година.


