|

ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА ВО ПРИЛЕП: ФОКУС НА ЖЕНСКОТО ЗДРАВЈЕ И ПРЕВЕНЦИЈА НА КАРДИОВАСКУЛАРНИ БОЛЕСТИ

Во Прилеп ќе се одржи панел дискусија посветена на промоција на женското здравје и заштита од кардиоваскуларни болести. Настанот е во коорганизација на Лајонс клубот Прилеп и Ротари клубот Прилеп.

На панелот ќе учествуваат успешни жени – лекари, кои ќе говорат за значењето на превенцијата и раното препознавање на кардиоваскуларните заболувања. Оваа тема е од особена важност, имајќи предвид дека најголем дел од смртните случаи кај жените во државата се поврзани токму со овие болести.

Целта на настанот е да се подигне јавната свест и да се насочи вниманието кон превентивните мерки и грижата за сопственото здравје.

Поканата е отворена за сите заинтересирани граѓани. За учество потребна е претходна пријава на телефон: 075 924 406.

Слични Објави