Бела Ноќ со Lockdown, ДЏ Стеци и Тони ЗЕН – „Урбано Лето“ ќе ги оживее улиците на Кривогаштани (ВИДЕО)
На 27 август, среда, Кривогаштани ќе пулсира со првото издание на фестивалот „Урбано Лето“, кое ќе ја обележи незаборавната Бела Ноќ, вечер кога улиците, плоштадите и културните простори се претвораат во голема сцена за уметност и забава.
Настанот, организиран од младите членови на здружението „Урбано Гнездо“, нуди уникатно културно искуство кое ја спојува музиката и урбаната култура. Посетителите ќе можат да уживаат во настапи на локални и македонски музички изведувачи, опфаќајќи три различни музички жанрови, со забава која ќе трае до доцните часови.
Македонската хип-хоп ѕвезда Тони ЗЕН најавува енергична вечер полна со позитивни вибрации и хип-хоп класици преку видео најава на социјалните мрежи.
Урбаната програма на Бела Ноќ започнува со Warm-up забава со ДЏ Стеци, кој публиката ќе ја загрее за се што следува понатаму.
Во 21:00ч. , ќе настапат популарните Lockdown – бенд од Прилеп кој ќе не врати во старите добри времиња со EX-YU репетоар. Истите ќе настапат и со многубројни македонски песни, завршувајќи го настапот со најава на Тони ЗЕН во 00:00 часот.
Тони ЗЕН ќе не размрда со позитивна енергија и македонски хип хоп класици. Македонската хип хоп ѕвезда највува луда забава низ видео најава на социјалните медиуми.
„Во целиот процес на создавањето за фестивалот урбано лето имаат најголем придонес младите волонтери од Урбано Гнездо Кривогаштани: Стеве Јанчески, Ивана Божиноска, Мартин Милески, Бојан Ќушќоски, Мартин Тренески, Петар Јошески, Сара Божиноска, Благица Гудеска, Михаела Аџиоска, Ангела Звездакоска, Бобан Риилоски, Даре Димоски, Леонид Бозароски, Маја Новакоска, Александра Јосифоска, Даниел Везенкоски, Петар Јанакиески, и уште многу други посветени и активни млади за се ова да биде остварено.
Настанот се организира со поддршка од Општина Кривогаштани и локалните компании како: Кривогаштани Промет – Гурмано, Чико Лукс, ГСМ Транспорт Прилеп, Кули, Тозе Транспорт ДООЕЛ Кривогаштани, Земјоделска Аптека Стефан, Агро Рајчин, Вејк Ап Кофи, Кафе Чао, Кафе бар Токио, Кафе бар Експлозив, Бакалески Промет, Стикери МК, Аптека Ирис Кривогаштани, Прилепска Пиварница и ДК Електрик.
Медиумските покровители: ОТВ.МК, КУЛТУРА24, МУЗИКА24, ИНФО ПРИЛЕП и РАДИО ПЕЛА се најголемата и највлијателната поддршка за овој настан.“ – Изјавуваат организаторите.
Богатата програма и пред се промовирање на македонската урбана музика е она што овој фестивал го прави посебен.


