Независна кандидатка за градоначалник на Битола, објави закани од вработен во ЈП Паркинзи
Независната кандидатка за градоначалник на Општина Битола, Габриела Илиевска, денеска на својот фејсбук профил објави дека добила закани од лице вработено во Јавното претпријатие „Паркинзи“ – Општина Битола.
Како што наведува во објавата, заканите се упатени кон граѓанин кој ѝ дал поддршка, а според кандидатката, ваквото однесување се повторува и денес. „Дали треба некој да биде повреден или убиен за да се реагира?“ прашува таа во својата објава.
Објавата на кандидатката го потенцира и контекстот на неодамнешното гласање за плановите за вработување, на кое, како што се наведува, не било постигнато решение.
До објавувањето на оваа вест, од ЈП Паркинзи и Општина Битола нема официјален став за инцидентот.

Фото: Фејсбук – Габриела Илиевска


