|

Граѓани, реагирајте додека е време – јавен увид за поставување „лежечки полицајци“ во Прилеп

Имате две недели да реагирате — искористете ја шансата пред да биде доцна!

Општина Прилеп заедно со Министерството за транспорт и врски започнаа јавна консултација за поставување технички средства за забавување на сообраќајот на повеќе улици во градот. Станува збор за поставување на „лежечки полицајци“ и сообраќајна сигнализација, а граѓаните имаат можност да се вклучат и да ги дадат своите мислења, забелешки или предлози.

Планот за поставување може да го најдете на следниот линк:
https://www.prilep.gov.mk/postavuvanje-na-tehnichki-sredstva-za-zabavuvanje-na-soobrakjajot-na-ulici-vo-opshtina-prilep
Фајлот е обемен (15 MB), но вреди да се симне и прегледа — содржи фотографии и планови за секоја од улиците каде се планираат интервенции.

На пример, можете да го прегледате планот за ул. „Александар Македонски“ и да проверите каде точно ќе биде поставен лежечки полицаец. Плановите може да се зголемат за подобар преглед.

Во рамки на проектот е објавена и Контролна листа на План за управување со животната средина и социјалните аспекти (ПУЖССА), која содржи детали за тоа кој е изведувач, какви се потенцијалните ризици, како ќе се контролира загадувањето, безбедноста на граѓаните, како и мерки при евентуални инциденти.

📝 Секој граѓанин има право да поднесе реакција, мислење или поплака за:

  • несоодветна локација на лежечки полицајци
  • ризик по безбедноста на децата, пешаците или жителите
  • ограничена видливост поради дрвја или објекти
  • недостаток од соодветна сигнализација
  • потенцијално загадување или бучава при реализацијата

За да го направите тоа, можете да контактирате со надлежните лица:

  • Сашка Богданова Ајцева – Министерство за транспорт и врски
    Saska.bogdanova.ajceva@piu.mtc.gov.mk, 02 3145 531
  • Татјана Стојаноска – Општина Прилеп, t.stojanoska1980@gmail.com
    076 369 365
  • Можете да го користите формуларот ПРЕЗЕМИ образец-за-коментари достапен на веб-страницата, каде ќе можете конкретно да опишете што не ви се допаѓа или што треба да се подобри.

Ова не е обична административна процедура — туку реална можност да се вклучите и да влијаете. Наместо подоцна да се жалиме „каде беа поставени овие полицајци“, сега е времето да се реагира, пред да започне реализацијата.

Затоа, ајде да не бидеме мрзи и „по свадба тапани да удираме“, туку да „им помогнеме“ на општинарите и тоа министерството и да им кажеме ако „ја утнале“ работата негде во планирањето и/или ако се нашите лични интереси загрозени со овие „уреди за забавување на сообраќајот“, кои ние ги нарекуваме „легнати полицајци“, ако не сме задоволни или сме оштетени од односот и работата на изведувачите на лице – место. Ајде, нека видат дека се грижиме за сопствениот град и за животната средина.

За безбедни улици, поодговорна локална власт и зачувување на животната средина — вашето мислење е клучно!

За сите доплнителни информации на линкот од општина Прилеп

ПРЕЗЕМИ образец-за-коментари

ПРЕЗЕМИ Известување-за-јавен-увид

ПРЕЗЕМИ Контролна Листа на ПУЖССА – општина Прилеп

По повеќемесечо реагирање од страна на граѓани, и соработка на АГТИС и медиумска покриеност на Отворена Телевизија (otv.mk), Општина Прилеп започна со припрема на веќе мапираните точки низ градот, за поставување легнати полицајци

Слични Објави