Од 0 до Култура 2025 – Crossroad Blues Band Reloaded – Tribute to B.B. King
На 21 август, со почеток од 21:00 часот, на Камената бина во Прилеп продолжува третата сезона на проектот „Од О до Култура 2025“ со вистинска музичка посластица за љубителите на блузот.
На сцената ќе настапат Crossroad Blues Band Reloaded, состав кој го негува блузот, можеби и најдобро во Македонија. вечерта ќе ја посветат на големиот B.B. King, кралот на блузот. Со препознатлив звук, импровизации и душевна изведба, бендот нè води низ времето и делото на еден од најголемите музички легенди.
Ова е вечер посветена на љубителите на вистинската блуз музика, на ритамот што го обележа 20. век и на вечната инспирација што B.B. King ја остави зад себе.
Камената бина, Прилеп
21 август (Четврток)
21:00 часот
Чујте ја новата верзија на можеби најубавата нивна песна – „Каде е крајот“



