|

Вечерва финале на Пиво Фестивал Прилеп 2025 – Роквиќ ја затвора третата ноќ!

Вечерва, недела, 20 јули, Прилеп го затвора „Пиво Фестивалот“ 2025 со музика, пиво, познатата прилепска скрара и атмосфера каква што само овој град знае да понуди. По две успешни фестивалски вечери, третата носи програма подготвена за големо финале на централната сцена.

Програмата започнува со настапите на Екстра Бенд и Модерато Бенд, кои ќе се погрижат да ја загреат публиката за главните изведувачи. Следува Тази, популарниот македонски пејач, а вечерта ќе кулминира со концертот на балканската музичка ѕвезда Никола Роквиќ, кој со своите балади и хитови ќе стави печат на овогодинешниот фестивал.

Покрај главната сцена, алтернативната Камена Бина останува активна и во финалната вечер. Таму, љубителите на електронската музика ќе танцуваат до доцна во ноќта со сетот на DJ Buli.

Слични Објави